Многу жени мислат дека да се има млада свекрва е вистински благослов.
Во идеално сценарио, тие се подготвени и способни да ви помогнат, одвреме-навреме да го чуваат детето и понекогаш да „дотурат“ некој денар кога ќе недостасува. Но, како што пренесува „Стил“, една жена открила како навистина изгледа да се има свекрва која е во млада.
– Имам млада свекрва, Марина. Таа има само 43 години. Рано се омажила. Имала само 18 години кога се родил мојот сопруг Раде, а една година подоцна се родил и неговиот брат Адам.
Таа и мојот свекор имаа добар брак. Децата пораснале во среќно семејство. Веднаш по средното училиште, Марина завршила сметководител и почнала да работи во мала фирма. Денес таа е почитуван сметководител во добро друштво. Кога Раде имал десет години, татко му доживеал страшна сообраќајна несреќа. Марина останала сама со момчињата. Таа ги научила да бидат одговорни, независни, да завршат училиште и да бидат луѓе.
Кога стигнале во средно училиште, Марина ги испратила на образование во странство. Тие добиле стипендии и таа не морала да се грижи за нив. Барем не финансиски. Така се запознавме јас и Раде, а набрзо се венчавме.
И двајцата сме дипломирани студенти. Марина реши да ни ги плати трошоците за свадба и меден месец. После тоа, се среќававме со неа само еднаш месечно, за да размениме основни информации.
Помладиот брат на Раде живее со мајка му, но Марина не го финансира. Таа често вели:
– Нема да хранам стар коњ.
Неодамна добивме дете, ќерка. Свекрвата честиташе, донесе подарок во вид на пелени, козметика за детето, каша, облека… Не бакна сите и исчезна. Таа има свој живот. За време на викендите оди на планинарење, вози велосипед, зиме скија, лето е на море… Кога ќе ја прашаме дали може да се погрижи за внукот, таа вели:
– Јас сама ги чував своите.
Кога ја замолуваме да ни позајми пари за киријата, таа вели:
-Снајдете се сами, ни мене никој не ми помогна.
Моите родители се пензионери, едвај врзуваат крај со крај. Не можам да им барам пари, но не можам да барам ниту да го чуваат детето затоа што се болни. Додека ние мака мачиме, Марина цвета.
Таа неодамна ни кажа:
– Да сакам бебе, би се омажила и сама би родила.
Секако, понекогаш ни дава подароци, но тоа не е доволно. Неодамна имав лош грип и мојот сопруг се грижеше за мене со денови. Марина дојде и ја чуваше внуката неколку дена. Штом виде дека сум подобра, ни мавна и рече:
– Сега продолжете сами!
Таква е мојата свекрва – рекла анонимната жена, а пренесува Стил.
Извор: Kurir.rs