Смртта на кралицата Елизабета Втора без сомнение беше вест на денот ширум светот, а додека многумина на Островот тагуваат, имаше и такви кои ја прославија нејзината смрт или правеа пародија.
Таков случај беше забележан во Даблин на натпреварот од Конференциската лига помеѓу Шамрок Роверс и Џургарденс во првото коло од групната фаза во групата Ф.
На крајот мечот заврши без голови, а го одбележа и песна од тамошните навивачи.
Познато е дека меѓу Ирците и Англичаните нема голема љубов, а очигледно ја немале за кралицата Елизабета, чија смрт ја прославиле со морбидна песна.
„Лиз е во ковчегот“ – скандираа на стадионот Тала во Даблин.
Tallaght stadium in Dublin tonight pic.twitter.com/FhHtoVGT1L
— Dublin Bhoy (@dublincelticfan) September 8, 2022