Внимателната формулација на изјавата на палатата сугерира дека „можеби се случува нешто сериозно“ со здравјето на кралицата Елизабета, вели поранешниот кралски дописник на Би-Би-Си, Ричард Самнер.
– Целата политика на палатата отсекогаш била ублажувачка, а јас секогаш се сомневав дека тоа можеби е повеќе од проблем со мобилноста. Може да има и други покомплицирани медицински проблеми со стареењето, рече тој.
Според него, „кога имаш 96 години, се разбира, не можеш да очекуваш да имаш здравје на 25-годишник“.
Тој рече дека се надева дека и кралицата ќе се увери во тоа, но оти смета дека тоа е навистина сериозна ситуација.
– Да се надеваме дека ова е минлива бура што може да се надмине, но мислам дека, судејќи според внимателната формулација на палатата, нешто сериозно се случува овде – рече Самнер.
И кралската историчарка Ана Вајтлок рече дека објавата на Бакингемската палата сугерира „очигледно многу сериозни времиња“ и посочи дека „крајот не е далеку“.
All the Queen’s four children are now with her at Balmoral Castle. Along with her grandson, the Duke of Cambridge.
This is a serious situation. #queen #queenelizabeth pic.twitter.com/6fWzhHxLol— Chris Ship (@chrisshipitv) September 8, 2022
„Сите четири деца на кралицата сега се со неа во замокот Балморал. Заедно со нејзиниот внук, војводата од Кембриџ. Ова е сериозна ситуација“, објави на Твитер Крис Шип, уредник на вести на ИТВ задолжен за кралското семејство.
ИЗвор: Блиц.рс