Бакингемската палата денеска објави дека кралицата Елизабета Втора е под медицински надзор бидејќи лекарите се „загрижени за нејзиното здравје“.
Соопштението дојде еден ден откако 96-годишната кралица откажа важен состанок по совет на лекар, кога и беше кажано дека треба да се одмори.
Бакингемската палата соопшти дека на кралицата и е „удобно“ и дека останува во замокот Балморал во Шкотска, каде што го помина летото.
Таа во замокот пред два дена ја назначи новата премиерка Лиз Трас и ја прифати оставката на дотогашниот премиер Борис Џонсон.
МИА