На само неколку дена пред дочекот на новата година, „А1 Арената“ во Скопје концерт ќе одржи Ацо Пејовиќ, кој ќе се одржи на 24-ти декември.
Пејовиќ, изминатава година е во фокусот на јавноста поради неговите маестрални изведби на песните на Тома Здравковиќ во филмот „Тома“, кој раскажува за животот и делото на легендата на кафанската музика.
Песната „Ponoć“ дефинитивно ја одбележа претходната година, а концертот во Скопје ја одбележа концернтата турнеја на Пејовиќ, каде што го собори сопствениот рекорд по број на луѓе. За тој голем успех и за бројката од 12.000 посетители, Ацо Пејовиќ раскажува и ден денес.
Она што е интересно е дека пред концертот, односно оваа есен, ќе излезе и серијата за Тома, а со самото тоа ќе бидат објавени и нови песни кои Пејовиќ со сигурност ќе ги изведе пред македонската публика.
Многу љубов, емоции и насмеани лица ги одбележуваат неговите концерти, а тоа е доволен показател дека Пејовиќ може и тоа како да полни големи сали ширум Балканот.