„Мама падна“ – Дете (4) си ја спасило мајка си само ден откако го научила како да се јавува на итни повици – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/22 10:39 AM

„Мама падна“ – Дете (4) си ја спасило мајка си само ден откако го научила како да се јавува на итни повици

Дете од Австралија стана херој на четиригодишна возраст, откако ѝ го спаси животот на својата мајка, повикувајќи го телефонскиот број за итни повици.

Само еден ден претходно, таа го научила како се прави тоа.

Монти Кокер од островот Тасманија на 27-ми август се јавил на австралискиот број за итни случаи 000 и им рекол на операторите: „Мама падна“.

– Кога стигнавме на адресата, тој беше на прозорецот… Ни мавташе, изјави болничарот Марк Смол за „Би-би-си“.

Внатре во куќата, Монти смирено ѝ објаснил на екипата за итни случаи дека неговата мајка Венди доживеала напад. Болничарот го пофали четиригодишното момче и рече дека при интервенцијата многу им помогнала неговата смиреност. После сè, тимот за итни случаи се вратил во куќата за да му даде благодарница на Монти.

– Потоа дојде баба му и праша: „Каде ми е суперхеројот?“ А пак, тој рече: „О, не, јас не сум суперхерој. Јас сум само херој“, се шегува мајката на Монти.

Венди е и медицинска сестра, па им раскажа на медиумите дека Монти знае дека направил добра работа, но се покажал скромен, велејќи им и на другарчињата во градинка дека „тоа е лесно“.

 

МИА

Фото: Tasmania Health Department