Мачорот Лери, чија официјална титула е „Главен глувчеловец во Кабинетот на премиерот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска“, ја надгледува работата на британските лидери повеќе од десетлетие.
За тоа време, тој испрати тројца премиери од „Даунинг стрит“ број 10, а тукушто ја пречека и новата „станарка“ – Лиз Трас.
По Дејвид Камерон и Тереза Меј, си замина и Борис Џонсон… По тој повод, луѓето што ја уредуваат официјалната Твитер-страница на Лери, запишаа дека е „време да се расчистат неколку работи“…
Time to clarify a few things:
1. I’m not “Boris Johnson’s cat”
2. Like all Prime Ministers, he’s only a temporary resident of Downing Street
3. I live here permanently. When he finally goes, I stay
4. Yes, it’s all very embarrassing but it will be over soon— Larry the Cat (@Number10cat) July 7, 2022
„1. Јас не сум ‘мачката на Борис Џонсон’;
2. Како и сите премиери, и тој беше само привремен жител на ‘Даунинг стрит’;
3. Јас постојано живеам овде. Кога тој конечно ќе си отиде, јас останувам;.
4. Да, тоа е многу засрамувачки, но наскоро и ова ќе заврши“, „објави“ Лери на Твитер.
Тој беше донесен во седиштето на британската влада од некогашниот премиер Камерон, кој го вдоми во 2011 година, од домот за мачки и кучиња „Батерси“. Минатата година се најавуваше „пензионирање“ на мачето и негово повлекување на село, но ете – тој го испрати и Борис Џонсон.
Larry the Cat, Chief Mouser of Downing Street, has outlasted 3 Tory Prime Ministers at Number 10, Cameron, May & Boris & this afternoon, he’ll welcome his 4th Truss. That’s a purrfect example you don’t have to be the king/queen to stay in the seat of power. What a puss! pic.twitter.com/yl3A3XjVqz
— Mutwiri Mutuota (@MutwiriMutuota) September 6, 2022
Околу 650.000 луѓе го следат Лери на Твитер, што е двојно повеќе од новата премиерка во мигов. Трас е свесна за тоа.
– Бев една од неговите омилени министерки… Се надевам дека ќе го надоградам тоа пријателство, изјави таа неодамна.
“Thank you everybody who’s helped look after me and my family over the last three years – including Dilyn, the dog. And I just say to my party: If Dilyn and Larry @Number10cat can put behind them their occasional difficulties, then so can the Conservative party”
— Boris Johnson pic.twitter.com/iZyOqJEvaq
— Howard Mortman (@HowardMortman) September 6, 2022
Мачорот Лери сега има 15 години и се чини, сѐ уште е во добра форма. За две години се одржуваат редовните парламентарни избори, па тогаш можеби во „неговата куќа“, при неговиот „мандат“ ќе пристигне и петтиот премиер на Обединетото Кралство.
МИА
Фото: Твитер