„Направи ќофтиња за средбата“ – Честитките на Лиз Трас, новата британска премиерка на Твитер пристигнаа на погрешна адреса – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/22 6:10 PM

„Направи ќофтиња за средбата“ – Честитките на Лиз Трас, новата британска премиерка на Твитер пристигнаа на погрешна адреса

Лиз Трaс е поранешната британска министерка за надворешни работи и нова премиерка, а Лиз Трасел е редовен корисник на Твитер која на оваа социјална мрежа го зеде корисничкото име Лиз Трас и поради оваа коинциденција одеднаш доби бројни пораки и честитки упатени до новата британска премиерка.
Шведската премиерка Магдалена Андерсон беше една од оние кои и честитаа на погрешната Лиз Трас за преземањето на премиерската функција во Велика Британија.

„Честитки Лиз Трас“, напиша Андерсон, додавајќи дека Шведска и Велика Британија ќе продолжат да соработуваат тесно. Трасел со шеговит тон одговори дека со нетрпение ја очекува претстојната посета и дека шведската премиерка може да подготви ќофтиња за таа пригода.
Новатат британска премиерка има 360.000 следбеници на Твитер под корисничкото име @trussliz, додека Трасел има 3.400 следбеници.

Лиз Трас во понеделникот беше избрана за лидер на владејачката Конзервативна партија, а кралицата Елизабета Втора ја назначи за нов британски премиер. Трас ќе биде 15-та жена премиер во 70-годишното владеење на британската кралица.

Извор:rs.n1info.com

Фото: Принтскрин Јутјуб