Заработуваа милиони како најубав пар на светот, но врската била мрачна, а љубовта лажна! – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/22 10:00 PM

Заработуваа милиони како најубав пар на светот, но врската била мрачна, а љубовта лажна!

Манекенката Алексис Врен прозбори за нејзината „токсична врска“ со поранешното момче Џеј Алварез, раскажувајќи за „злоставувањето“ што го претрпела од него.

Алексис (24) и Џеј (26) се забавуваа две години и за тоа време стекнаа огромна слава на Инстаграм. Тие ја фотографираа нивната совршена врска, два прекрасни парови кои патуваат низ светот.

Но, нивната разделба беше страшна. Затоа Алексис решила да открие кој навистина  е поранешното момче, сметајќи го за „манипулативен“ и суров.

Таа открила и дека Џеј без нејзино знаење направил договор дека тој ќе има процент од нејзината заработка и дека две години поминала на суд борејќи се за својата слобода.

Алексис и Џеј заедно изградија слава на почетокот на нивната врска и се беше одлично.
„Бевме две деца со многу енергија, тоа беше почетокот на нашата врска која беше неверојатна“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexis Ren (@alexisren)


“Тоа беше неверојатна врска, и мислам дека тој ме сакаше, и мислев дека се е совршено. Изгледаше поврзан со природата, секогаш зборуваше за љубовта. И тогаш кога навистина се запознавме, сфатив дека сме имале нешто заедничко и дека нашите мајки умреле од истата болест. Мислев дека најдов сродна душа која ќе ме разбере во се“, изјави Алекс.

„Меѓутоа, како што станавме популарни и познати, почнаа проблемите, работата стана поважна од нашата врска“, рече таа.
„Секогаш се трудев да бидам совршена за него, и секогаш се обидував да бидам најдобрата девојка за него, и ги правев сите овие работи затоа што мислев дека ќе престане да ме сака. Се сеќавам дека секое утро станував пред него за да ставам шминка за да бидам идеална за него“.

Во меѓувреме, Џеј беше повеќе фокусиран на работата отколку на нивната врска, а сето тоа уништи нешто што таа мислеше дека е совршено.

“Тој стана манипулативен, му требаше да останеме во врска само за да функционира бизнисот, а тоа беше страшно, бидејќи не гледав на нас преку работа. Мислев дека еден ден ќе ја официјализираме врската со брак.” признава Алекс.

„Плачев секогаш кога ќе помислев колку го сакав Џеј. Кога парите и моќта ќе станат цел на твојот живот, тогаш врската станува колатерална штета“, вели таа.
Пријателите ја предупредиле дека е во врска само поради работа и дека во одреден момент ќе си замине.

Кон крајот, поранешната двојка работела во Италија, а Алексис се сеќава дека седела на скалите и плачела.

„Само плачев и се чувствував лошо, ме зграпчи и почна да ми се смее во лице. Бев запрепастена бидејќи во тој момент сфатив дека за него сето тоа е работа“.

Кога ми раскина, јас бев емотивно скршена и само реков „Готово, не можам! Додека тој ми одговори само „ОК“. Додека плачев и липав, неговиот коментар беше дека нема повеќе емоции за мене“.

И по раскинувањето, тој сепак имал големо влијание врз неа. Сето тоа го направил за да земе процент од нејзината работа за друг период. Тој имал процент од нејзината заработка во следните шест години.

-По раскинувањето поминав две години во судовите, се што заработив морав да инвестирам во адвокати за да излезам од неговите канџи. Како резултат на тоа, го загубив и мојот менаџер, кој беше во договор со Џеј.

„Ова беше голема лекција за мене“, заклучил Алексис.

Извор: Курир.рс