На изборот за World Next Top Model 2022, што се одржа во Бејрут, Либан, сите наши четири претставнички освоија титули, ленти, круни и други награди.
Мија Стерјовска, Ана Брзанова, Катарина Јовановска и Ива Пеева се девојките, сите членки во Модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценца за нашата држава за овој интернационален избор за модели, кој секоја година традиционално се одржува во Бејрут.
“На изборот учествуваа преку 40 девојки од целиот свет и навистина ова претставува огромен успех за Македонија и Модното студио „Црнокрак“. Пресреќни сме сите”, изјави Светлана Црнокрак, која заедно со сопругот Мики е сопственичка на ова наше модно студио