Една од најпознатите манекенки во светот, Адријана Лима (40) го роди своето трето дете – момче.
Адријана веќе извесно време е во врска со филмскиот продуцент Андре Лемерс, а гордите родители не ја кријат радоста поради синот на кого му дале име Цијан.
„Цијан е бојата помеѓу зелената и сината, боја на видливиот светлосен спектар. Цијанот е бојата на водите на Бора Бора и Малдивите, места на нашата семејна листа. Цијанот сега е нашата омилена боја… бојата на очите на нашето момче. Добредојдовте во нашиот свет!“, изјавила манекенката по породувањето.
View this post on Instagram
Пред врската со филмскиот продуцент, Адријана Лима беше во брак со Марко Јариќ. Со него склучи брак додека беше сè уште девица, а при посетата на Србија доби српски пасош и прекарот „српска снаа“. Со српскиот кошаркар има две ќерки Валентина и Сијена од 13 и 9 години.
Фото: otakukart.com