Некои колешки од давење се онесвестија, поранешна порно актерска прозборе за траумите на снимање – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/22 11:00 PM

Некои колешки од давење се онесвестија, поранешна порно актерска прозборе за траумите на снимање

Како дете, поранешната порно актерка Лана Роудс копнеела да го живее животот на Плејбој зајачица.

Меѓутоа, откако влегла во светот на филмовите за возрасни, понижувачките сцени што ги снимила како тинејџерка ја доведоа до напади на паника, депресија, па дури и до самоубиствени мисли.

Иако глумела во порно филмови само осум месеци, оваа 25-годишна девојка вели дека времето оставило трајни лузни на нејзината психа. Таа вели дека денес нема пари што би ја натерале да се врати во тој свет.

Во меѓувреме, таа стана инфлуенсерка, а продолжи да споделува разголени фотографии и видеа на платформата OnlyFans. Неодамна, таа дури и го претстави на јавноста својот нов син Мајло преку подкаст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Rhoades (@lanarhoades)

Опишувајќи ја својата поранешна кариера како „доживотна затворска казна“ над нејзината глава, таа призна дека повеќе не може да се крие од тоа

– Каде и да одам, сите го виделе мојот секс и само треба да дадам се од себе за да се справам со тоа – рекла таа во еден од подкастите, пренесува Дејли Стар.

Нејзиното вистинско име е Амара Мејпл, по потекло е од Чикаго и работела како стриптизерка и водителка пред да се префрли на порно филмови, за кои сонувала да се занимава уште од својата 12 година.
Иако никогаш не била присилена на некоја сцена, Лана вели дека понекогаш се нашла на позиции на кои не мисли дека може да каже- не.

– Не велам дека секоја сцена што ја направив беше ужасна. Но, има неколку што беа доволни да направат штета – рече таа.

Лана издвои неколку моменти кои оставиле лузни на нејзината психа.

– Имаше три до пет што беа навистина трауматични за мене, без разлика дали тоа беше работа на снимање со некој кој е премногу стар, или бев притисната да направам нешто од што се плашев бидејќи беше премногу екстремно. Дефинитивно може да биде многу трауматично – изјави поранешната актерка.
Таа во интервју за магазинот „Плејбој“ изјави и дека имало некои сцени кои и предизвикале напади на паника пред снимањето и дека познава колеги и колешки кои трпат доживотни физички последици.

– Имав пријателки кои толку многу ги давеле што се онесвестија за време на сцената. Се случуваат навистина луди работи кои ги оштетуваат телата на луѓето до крајот на нивниот живот.

Таа се осврна и на перфидните методи со кои полека ја убедувале да направи нешто што не сакала.
– Можете да влезете во индустријата и да кажете „Никогаш не би правела генг-бенг“ или „Никогаш не би го направил ова“. Тоа ти е јасно од самиот почеток. Но, со текот на времето, агентите некако ти кажуваат, кој збор би го употребила… за да те натера да работиш повеќе. Ќе ви кажат работи како: „Сите добри курви го прават тоа. Така луѓето ќе те сакаат. Ако го правиш ова, мора да го правиш тоа и тоа“. Не сакате никого да разочарате, па тоа го правите со текот на времето – изјавила Лана за „Плејбој“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Rhoades (@lanarhoades)

Посебен акцент става на тоа што се уште не излегла од канџите на поранешната професија.
– Дефинитивно се соочувам со депресија и самоубиствени мисли на месечно ниво поради моето минато во порнографијата – рекла таа и додала дека во меѓувреме станала многу побогата.

Лана вели дека на годишно ниво во порно индустријата можела да заработи околу 100 илјади долари, додека со приходите од Инстаграм и Only Fans станала мултимилионер.

Извор: курир.рс