Една ноќ ненадејно ќе ви дојдеме, сетете се на Измир, ја предупреди Ердоган Грција – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/22 9:17 AM

Една ноќ ненадејно ќе ви дојдеме, сетете се на Измир, ја предупреди Ердоган Грција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Грција дека ги окупира островите во Егејското Море, кои имаат демилитаризиран статус, предупредувајќи дека Анкара е подготвена да го направи „она што е потребно“ кога ќе дојде време.

Анкара тврди дека Атина ги прекршува меѓународните договори, милитаризирајќи ги островите во Егејското Море, вклучувајќи ги Крит и Родос, што грчките власти го негираа.
– Кога ќе дојде време, ќе го направиме тоа што е потребно. Како што велам, една ноќ може ненадејно да дојдеме – рече Ердоган користејќи фраза што претходно ја навести за воени операции во Сирија и Ирак против Курдите, а неколку пати ја исполни таквата закана.
Ердоган ја потсети Грција во историјата во говорот одржан во северната провинција Самсун.

-И препорачуваме на Грција да погледне во историјата. Ако Атина отиде предалеку, цената ќе биде висока. Имаме една работа да и порачаме на Грција, а тоа е да се сети на Измир – рече турскиот претседател.
Измир е провинција на западниот брег на Егејското Море, позната и по тоа што од таму турската војска ја протера грчката војску.

Грција: Турција го прекрши единството на  НАТО

Министерството за надворешни работи на Грција ја обвини Турција дека го нарушува единството на НАТО во особено опасен момент.

– Веднаш ќе ги информираме пријателите и партнерите за содржината на провокативните најави од последните неколку дена – соопштија од грчкото Министерство.

Извор: Репиблика.рс