(Видео) Како ли им раскинува на девојките? Цел свет му се смее на Леонардо ди Каприо – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/22 10:14 AM

(Видео) Како ли им раскинува на девојките? Цел свет му се смее на Леонардо ди Каприо

Голема прашина се крена во медиумите кога беше објавена информацијата дека Леонардо ди Каприо (47) раскинал уште една врска со манекенката Камила Мороне (25).

Бидејќи е познато дека актерот ја остава секоја девојка кога ќе наполни 25 години, ова беше совршена прилика Твитер да го исмева.


На Твитер кружат објави кои го исмејуваат Ди Каприо за раскинувањето и на многумина им се смешни.

Се шушка дека девојките на актерот во солзи се подготвуваат за нивните 25 родендени, бидејќи знаат што следува.

Сите се прашуваат како ги известува дека дошол крајот и дали има разработен систем за раскинување.


Сè уште никому не му е јасно која е мистеријата на бројот 25 и зошто Лео со години не може да се смири со ниту една девојка.


Лео и Камила биле во врска 4 години, а се запознале кога таа имала само 10 години преку актерот Ал Пачино, кој своевремено бил во врска со нејзината мајка.