Американскиот весник „Вашингтон пост“, во сопственост на милијардерот Џеф Безос, размислува да укине 100 работни места и е на пат да ја заврши годината со финансиски загуби, пишува „Њујорк пост“.
Намалувањето на бројот на вработени, доколку се случи, веројатно ќе се совпадне со одлуката „за замрзнување на нови вработувања на испразнети позиции“.
Кога Безос го купи „Вашингтон пост“ во 2013 година, бизнисот порасна, дигиталните претплатници се зголемија, а весникот ангажираше стотици новинари. Сега, сепак, ситуацијата е поинаква.
Приходите на весникот од дигитален маркетинг во првата половина од годината се намалени за 70 милиони долари, што е пад од 15 отсто во споредба со истиот период минатата година, пишува „Њујорк Тајмс“, кој тврди дека имал увид во внатрешни финансиски документи.
МИА