Северина Вучковиќ е уапсена вчера на аеродромот во Загреб, бидејќи сестра и Маријана Вучковиќ Поповиќ пред една недела пријавила во полиција дека Севе ја претепала во станот на нивната мајка Ана во Сплит.
По инцидентот поп-ѕвездата го напуштила градот и заминала на одмор во Италија, па по неа била распишана потерница, според која, вчера веднаш штом слетала во Загреб, била уапсена.
– Северина и Маријана имаа жестока расправија среде ноќ, пред околу една недела. Двете се тепале, се гребеле и шамарале по целиот стан! Настанал хаос, целата зграда се тресеше од врисоци. Кога Севе истрчала од зградата, Маријана отишла во болница, каде меѓу другото и биле констатирани полесни повреди и расекотини. Потоа отишла во полиција и рекла дека Северина ја претепала до смрт, па по пејачката била распишана потерница. Деталите за инцидентот се уште не се јасни – изјавил извор за српски Информер.
Како што дознава Информер, пејачката вчера била донесена во седиштето на криминалистичката полиција во Загреб, каде ја раскажала својата верзија на приказната!
– Рекла во полиција дека сестра и Маријана лажно ја пријавила! Рекла дека била во станот во Сплит, каде мајка и живее со стрина и и дека наеднаш се појавила нејзината сестра. Според нејзините зборови, Маријана ја нападнала и почнала да ја удира, но Севе побегнала. Тогаш Маријана почнала да се фрла по скали за да се повреди, а потоа почнала да удира по вратите на соседите и да бара помош – вели соговорникот на Информер.
Адвокатот на Северина, Мати Матиќ за Информер вели дека пејачката е таа која има повреди по лицето и телото!
-Дала изјава во полиција и била пуштена дома. Не знам точно што се случи, но мислам дека Маријана и таа се влечеле за коса. Северина има повреди, па ќе ја тужи сестра си. Судот ќе докаже кој кого физички нападнал – вели адвокатот.
Ова не е прв конфликт меѓу Северина и нејзината сестра која живее во Белград. Маријана во април годинава ја пријавила пејачката во Центарот за социјална работа, обвинувајќи ја дека ја малтретирала нивната болна мајка и и забранила да ја посетува.
Мајката на Северина, Ана, тврди дека Маријана е виновна за инцидентот:
– Маријана ненадејно дојде во станот и направи драма. Не е прв пат да ја пријави сестра си!
Милан Поповиќ, поранешниот сопруг на Северина, веднаш објави дека неговиот и синот на пејачката Александар треба да живее со него!
– Ваквото однесување на Северина е причината поради која се борам нашето дете да живее со мене и моето семејство. Потребна му е мирна, стабилна и безбедна средина – изјави бизнисменот.
Извор: Информер.рс