„Тато, уште колку има? Ќути сине и пливај!“ – Твитер заедницата за состојбата во „Ист Гејт“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/22 10:31 PM

„Тато, уште колку има? Ќути сине и пливај!“ – Твитер заедницата за состојбата во „Ист Гејт“

Трагедија или комедија, што е тоа што се случува со „Ист Гејт“, кој е најновиот мол во Скопје, отворен  пред само 10тина месеци?

Денес невремето ја  покажа  целата негрижа во македонското опшество.

Поплавен, уништен, затворен, да ти е жал да го гледаш, така коментираат луѓето по социјалните мрежи и објавуваат фотографии и видеа од паркингот и дуќаните.

Ситуацијата е многу сериозна, особено што станува збор за нова градба. Но, за тоа деновиве треба да се огласат надлежните и да се побара одговорност од сите кои биле дел од создавањето на овој Мол.

Ваквата состојба, колку и да изгледа тажна ја натера Твитер заедницата да сподели свое хумуристично видување на целата ситуација.

„Државен натпревар по кајакарство ќе се одржи во Ист Гејт“, „Охридски маратон се префрла во Ист Гејт“ , „Кај си? Ви Ист Гејт! Па, не те гледам! Во длабокот сум!“, „Тато, кога ќе стасаме во Ист Гејт? Ќути сине и пливај!“, се само дел од шеговитите коментари кои може да се прочитаат на Твитер.

Ви пренесуваме дел од нив: