Притвор за македонскиот државјанин за шверц на 88 Авганистанци во Бугарија – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/22 1:40 PM

Притвор за македонскиот државјанин за шверц на 88 Авганистанци во Бугарија

– Обвинителството во бугарскиот град Бургас соопшти за дописникот на МИА, дека побарало притвор за 60-годишниот македонски државјанин, кој беше упсен во неделата за шверц на 88 Авганистанци.

Тој е обвинет дека се обидел да прошверцува преку Бугарија поголема група авганистански државјани.

Претстои Реонскиот суд во Бургас да закаже датум за судско рочиште.