Манекенката Георгина Родригез пред неколку дена откри дека се тетовирала на Сардинија.
Потоа го покажала процесот на тетовирање, но тетоважата до сега ја чувала во тајност.
Таа објави фотографија со нивното бебе родено во април годинава, а на нејзината рака се гледа тетоважата. Станува збор за буквите G (како Георгина) и C (како Кристијано), а меѓу буквите има срце.
Во објавата таа го означила Кристијано и на тој начин ставила до знаење дека тетоважата е посветена на него.
View this post on Instagram
На кожата, во душата и во срцето“, напишала Џорџина во описот на објавата.
Кристијано, инаку, е противник на тетоважите.
“Сум зборувал за тоа неколку пати и интересно е што луѓето воопшто ги интересира. Не сакам да се тетовирам бидејќи во тој случај не би можел да дарувам крв. Немам никаква тетоважи и јас често дарувам крв за да им помогнам на најранливите. Мислам дека сите треба да донираме крв затоа што никогаш не знаеш чиј живот би можел да го спасиш. „Кога ќе се тетовирате, треба да почекате најмалку половина година пред повторно да донирате крв, а јас не го сакам тоа бидејќи ми е предолго“, изјави претходно за странските медиуми.