Дали сте размислувале за тоа дека вашите заби се показател за вашата здравствена состојба и дека само мала промена на нив може да открие некоја болест која може да биде сериозна?
Убавата насмевка е цел на секого, а стоматологијата има многу напреднато, така што негата на забите и одењето кај стоматолог е најмалку што можете да им овозможите на вашите заби.
Еве како преку вашите заби можете да видите со какво здравје сте.
Краварење на непцата
Воспалението на непцата е најчест проблем кај многумина и можат да се забележи ако во текот на хигиената на забите дојде до крварење. Тоа најчесто е е псоледица на бактериска инфекција бидејќи забите и усната празнина се посебно чувствителни на бактерии и микроорганизми, покажале испитувањата. Исто така, низ истражувањата е утврдено дек лицата кои се дијабетичари двократно се поподложни на ризик од проблеми со непцата отколку другите. Правилната хигиена можеби нема целосно да го реши вашиот проблем, но барем ќе биде намален.
Пукање на забите
Иако на некој ќе му изгледа дека сте имале незгода со забите и на тој начин сте ги оштетиле, верувале или не, за тоа исклучиво е одговорна киселината од желудникот или рефлукс. Ако имате проблеми со киселина од желудникот која постојано се враќа во хранопроводот, знајте дека таа може да ви ги оштети забите и да предизвика пукнатини – предупредуваат стоматолозите. Во најлош случај, може да дојде до стареење и пропаѓање на забите.
Клатење на забите-знак на остеопороза
Повлекувањето на местото од забите и расклатени заби можат да укажат на многу посериозни болести. Стоматологот може да биде првиот кој може да даде дијагноза дека е присутна остеопороза со самиот преглед на забите. Кај жените постари од 50 години оваа болест е вообичаена и често настапува многу нагло, а симптомите се често невидливи додека тоа не се одрази на слаби и кршливи коски. Со рутински преглед стоматологот ќе ги воочи промените на забите и со превентивно делување ќе се спречи воспаление на забното месо и таложење на забен камен на забите, што ќе ја влоши состојбата.
Други истражувања покажале дека нелечениот кариес може да предизвика сепса, но и дека истрошените заби се знак на психички проблеми кај поединци. Причина за тоа е често чкрипење со забите кое е присутно кај луѓето кои се под стрес или страдаат од анксиозност. Затоа редовното одење кај стоматолог и правилната хигиена се одлучувачки за да ја задржите здравата и убава насмевка и пред се за да го сочувате вашето здравје