Казните очигледно не помагаат! Санкционирани 502 возачи за брзо возење на територија на цела држава – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/22 12:28 PM

Казните очигледно не помагаат! Санкционирани 502 возачи за брзо возење на територија на цела држава

Вкупно 502 возачи се санкционирани во акциска контрола на Министерството за внатрешни работи, спроведена во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава.

Како што информира МВР, 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 263 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 239 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.