Македонската репрезентација составена од одбојкарки до 19 години ќе се соочи со соодветната грчка селекција во 3. коло на Европското првенство во Скопје.
Натпреварот е закажан за вечер од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски”.
„Црвено-жолтите” синоќа во 2. коло загубија од Словенија со 3:0 (25:13, 25:20, 25:14)
Мери Бошковска со девет поени беше најефикасна во македонскиот тим.
Словенките направија 12 активни блока, 10 повеќе од Македонките, имаа два аса плус и подобар прием, така што впечатокот е на ниво како на отворањето против Финска.
По две коло, македонскиот национален тим е последен во Групата-1 без освоен бод. Лидер е Италија со шест, пред Финска со пет, Словенија и Полска имаат по три, додека Грција е петта со еден бод.