До среда променливо облачно време, УХМР најавува пороен дожд и грмежи – ММС
ММС

Објавено на: 08/28/22 9:06 AM

До среда променливо облачно време, УХМР најавува пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – најавија од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.

Од утре до среда под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.