Ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установо каде пациентот побарал  лекарска помош, велат од ДСЗИ – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/22 2:16 PM

Ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установо каде пациентот побарал  лекарска помош, велат од ДСЗИ

ДСЗИ информираше дека денес е извршен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип  по допрен глас за настанат смртен исход кај пациент Ј.Д од Берово по извршена хируршка  интервенција на заб .

-Инспекцискиот надзор во клиничката болница е сеуште во тек. Доплнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установо каде пациентот побарал  лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог ,  итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, ренимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот, информираат од ДСЗИ.

По завршување на  инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација.за  констатирана фактичка состојба за која дополнително ќе бидете информирани.

Од страна на ДСЗИ ќе се иницира и  формирање на комисија за стручен надор до министерот за здравство .

 

За ММС од штипската болница потврдија дека дене е извршена инстекциска конторла.

-Се што е побарано од нас е доставено. Им стоиме на располагање со целата документација што е поврзана со случајот, велат од таму.