СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Ј.А (33) од село Барешани, битолско, поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 и „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.
Како што информираат од МВР, на 25-ти овој месец околу 09.00 часот во семејната куќа во село Барешани, пријавениот со остар предмет му нанел повреда на неговиот татко Ѓ.А. (58), по што му одзел пари. Набргу потоа, Ј.А. бил пронајден и лишен од слобода.