Џеки (27), која е родена на Филипините, и Дејв (69), кој живее во САД, се запознале преку интернет страница за запознавање во 2016 година кога Дејв бил во Себу.
Тие се заљубиле и сега се во брак.
Дејв бил тој што го направил првиот потег. Ја прашал сегашната сопруга дали сака да пие кафе со него, на што таа се согласила. Во брак се повеќе од три години.
– Џеки и јас првпат се запознавме преку интернет страница. Бев во Себу, Филипини кога ја користев страницата и го забележав профилот на Џеки. И испратив порака и и кажав дека ми се допаѓа нејзиниот профил и би сакал да ја запознаам – изјави Дејв.
– Му го дадов мојот телефонски број и следниот ден се сретнавме во Старбакс. Потоа отидовме на ручек – додала Џеки.
@dave_jackie2818 How did we meet? #bisayangtiktoker #pinayinusa🇵🇭🇺🇸 #ageisjustanumber #agegaprelationship #agegap #husbandandwife ♬ Grow Old With You – Anthem Lights
– Џеки тогаш беше малку срамежлива и уморна по напорната смена на работа, па не си кажавме се што сакавме, туку и двајцата сакавме повторно да се видиме. Се сретнавме уште неколку пати пред да се вратам во САД. Тоа беше почеток на една убава врска која се уште трае – откри Дејв.
Двојката редовно се соочува со остри критики поради нивната голема разлика во години, а некои ја нарекуваат Џеки „спонзоруша“ за која веруваат дека е со Дејв само поради парите. Сепак, тоа не им пречи.
@dave_jackie2818 UC BERKELEY Botanical Garden #agegapcouple #agegaprelationship #husbandandwife #ageisjustanumber #pinayinusa🇵🇭🇺🇸 #bisayangtiktoker ♬ Grow Old with You – Adam Sandler
– Тоа е разлика од 42 години. Таа има 27, а јас 69, но не ни пречи – заклучил Дејв.
Уште еден пар се најде на удар на критики откако јавно ја сподели својата приказна.
Инструкторката за нуркање и модел Брајтни Квејл (22) е во врска со Џејмс (57) веќе 14 месеци. Љубовната двојка почнала да снима видеа на социјалните мрежи за да ја објасни својата врска, што им донесе огромен број следбеници.
Џејмс беше во брак 30 години пред да ја запознае Брајтни и има четири ќерки кои имаат измешани чувства за неговата нова врска.
@agegap50 #sugarcrash #sugardaddy #agegap #realcouple #realcouple #sugarbaby #inlovewithyou ♬ original sound – Unlikely love
Многумина го нарекуваат Џејмс нејзиниот „дедо“ или „тато“ и веруваат дека Брајтни е во врска со него само поради пари, пишува Дејли Мејл.
Извор: 24сата.хр
Фото: Принтскрин Тик Ток