Финската премиерка Сана Марин никако да се одмори од вниманието кое и се посветува ширум светот.
Овој пат вниманието го привлекоа нејзините пријатели кои на ТикТок објавија клип од Хрватска во кој многу младешки и слободно го поздравуваат бродот Јадролинија кој поминува.
Трите другарки возбудени истрчаа до лакот на бродот каде што снимателот одбројуваше им ги покажаа градите на патниците од Јадролинија кои минуваа покрај нивниот брод. Видеото го објави пријателката на премиерката Сабина Сарка, која ја следат нешто помалку од четири илјади корисници, а Марин не бил во кадарот.
@sabinasarkka Tässä on ollut vähä kaikennäköistä @Julia Toivola #foryoupage @Lotta Soini @Dr. Rannisto ♬ alkuperäinen ääni – Sabina Särkkä
Капетанот кавалерски ги поздравил со свирење на сирената, или во многу добар момент случајно си свирел од друга причина, што ги изненадило и воодушевило среќните туристки.
Финската премиерка Сана Марин се најде на удар на критика поради снимките кои брзо се раширија на социјалните мрежи. На нив се гледа како премиерката се забавува со неколку фински личности, а неколку дена подоцна се појавија и слики од забава во финската државна резиденција. Поради бурните забави, Марин под притисок на јавноста направила тест за дрога, кој бил негативен.
Извор: Вечерњи.хр
Фото: Принтскрин