Основачот на Егзит ја покани финската премиерка Сана Марин на фестивалот Sea Dance – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/22 6:57 PM

Основачот на Егзит ја покани финската премиерка Сана Марин на фестивалот Sea Dance

Основачот на фестивалот Sea Dance, Душан Ковачевиќ, преку својот профил на Инстаграм ја покани премиерката на Финска, Сана Марин, да дојде на овогодишното издание на фестивалот и ја изрази својата поддршка по медиумската хајка што се крена изминатите недели, соопшти денеска фестивалот Егзит.

Во поканата до финската премиерка, Ковачевиќ изјави дека би сакал таа да го посети не само Sea Dance, туку и фестивалот Егзит следниот јули, посочувајќи дека нејзината енергија и позитивен став се добредојдени на сите фестивали на Егзит.

Во соопштението се наведува и дека викендот на Sea Dance е секако потопол од викендот во Хелсинки.

Исто така се потсетува дека последните денови јавноста беше поделена во одобрување и осуда на објавеното видео на кое може да се види како финската премиерка се забавува и танцува со група пријатели и познати личности.

– За јавните личности границите на приватниот и јавниот живот се флуидни, но сигурно е дека имаат право и на слободно време, забава и убави моменти, кои на Sea Dance фестивалот се загарантирани!, се додава во соопштението.