Од 1131 направен тест во изминатите 24 часа, има 381 нов случај на КОВИД-19. Од вкупниот број позитивни, 80 се реинфекции. Во изминатото деноноќие починале две лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ дополнително се евидентирани четири починати со датум на смрт од 18 до 21 август.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, 173 од новодијагностицираните се од Скопје, од Битола се 36, Прилеп 24, Кавадарци 16, Куманово и Гевгелија имаат по 15 нови случаи, Кочани 10, Велес и Охрид по девет, Струмица осум, Гостивар и Штип по седум, Радовиш и Делчево по шест, Кичево, Неготино и Берово по пет, Тетово и Валандово по четири, Свети Николе три, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Крушево и Демир Капија имаат по два и по еден новозаразен е регистриран во Струга, Виница, Македонска Каменица и Пехчево.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Скопје (58) и Охрид (67) кои починале во болнички услови. Преку Регистарот од „Мој термин“, од 18 до 21 август починале четири лица од: Скопје (62), Кочани (73), Свети Николе (86) и Ресен (64г. Две лица починале во болница и две во домашни услови.
Во изминатото деноноќие се регистрирани 775 оздравени пациенти: Скопје 229, Битола 72, Прилеп 66, Делчево 42, Куманово и Тетово по 30, Велес и Струмица по 29, Радовиш 26, Кавадарци 23, Гостивар 21, Штип 20, Крушево 17, Охрид 16, Кочани и Неготино имаат по 15 оздравени, Кичево 14, Крива Паланка 13, Гевгелија 10, Богданци осум, Берово, Валандово, Струга и Виница по седум, Ресен, Пехчево и Демир Хисар по пет, Дебар и Македонски Брод по двајца и Свети Николе, Македонска Каменица и Пробиштип по еден оздравен.
Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во земјав од почетокот на епидемијата изнесува 338 929 од направени 2 145 675 тестирања на КОВИД-19. Оздравеле 326 990, починале 9461, а активни случаи има 2478.
Дојран и понатаму единствен град без корона.