Врз ликот од жена му истетовира куче – Бракот на Роки во криза – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/22 7:00 PM

Врз ликот од жена му истетовира куче – Бракот на Роки во криза

Славниот Роки повеќе од две децении е во брак со 22 години помладата Џенифер Флавин, со која има четири ќерки.

Силвестер Сталоне еднаш имаше голема тетоважа на ликот на неговата сопруга на десната рака, која гордо ја носеше и покажуваше до сега.

Сталоне ги шокираше сите кога направи втора тетоважа врз ликот на неговата сопруга, поточно ликот на кучето од филмот „Роки“ што го прослави. Ова наведе многумина да помислат дека имало големи проблеми во бракот на актерот, а неговата сопруга исто така фрли дополнителни сомнежи.
Џенифер го одследи својот сопруг од Инстаграм, а потоа објави слика со нивните три ќерки и рече: „Ние четири засекогаш“.


Претставничката за јавност на Сталоне зборуваше за медиумите и нагласи дека се е во најдобар ред, а имало грешка кога е тетоважата во прашање.

“Господинот Сталоне сакаше да ја освежи тетоважата на ликот на неговата сопруга, но не беше задоволен од резултатот. Грешката за жал беше непоправлива. Сталоне и неговото семејство моментално снимаат реално шоу”, истакна неговата портпаролка за односи со јавноста.