За 350 евра лежел 55 часа: Жарко Пејановиќ победи на црногорскиот натпревар во лежење – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/22 1:29 PM

За 350 евра лежел 55 часа: Жарко Пејановиќ победи на црногорскиот натпревар во лежење

 Во Црна Гора заврши 12-от натпревар во лежење, којшто традиционално го организира Eтно село Монтенегро во Брезна. Титулата ја понесе Жарко Пејановиќ, познат како „Кнеле” од Подгорица, кој лежеше приближно 55 часа.

– Не беше тешко. Верувајте, не се ни „загреав”… Но, не сакав да одам на соборување на рекордот. Тоа ќе го направам следната година, за кога е планиран натпреварот на кој ќе учествуваат сите досегашни победници, изјави тој за медиумите.

На натпреварот годинава учествуваа девет натпреварувачи, а последни останаа Пејановиќ и Вук Кољеншиќ од Даниловград.

Како што неофицијално беше соопштено, имало преговори и за поделба на титулата, но Пејановиќ бил решен да го освои првото место и наградата од 350 евра.

Рекордот го држи Дубравка Алексиќ, исто така – од Подгорица, која лани лежеше 117 часа.

 

МИА