Уште една жртва! Момче (20) прегази жена во Кичево, веднаш починала од тешките повреди – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/22 12:55 PM

Уште една жртва! Момче (20) прегази жена во Кичево, веднаш починала од тешките повреди

МВР информира дека вчера била прегазена жена во Кичево, по што починала.

 

-На 19.08.2022 во 18.15  часот било пријавено дека  во Кичево на ул.“Кузман Јосифоски-Питу“ патничко моторно возило “туран“ со кичевски регистарски ознаки управувано од М.С.(20) од Кичево удрило во Д.Ц.(79) од Кичево, а потоа во паркирано патничко моторно возило “ауди“ со кичевски регистарски ознаки паркирано од П.З.(27) од Кичево. Во несреќата на местото на настанот починала Д.Ц. а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево, информираат од МВР.