Европа во паника! Рускиот гигант „Гаспром“ повторно ја затвора славината – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/22 8:09 PM

Европа во паника! Рускиот гигант „Гаспром“ повторно ја затвора славината

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ објави дека транзитот на природен гас за Европската унија преку гасоводот „Северен тек 1“ ќе биде суспендиран од 31 август до 2 септември поради одржување, пренесува „Русија тудеј“.

Од „Газпром“ додаваат дека „по завршувањето на работите и отсуството на технички дефекти на блокот, транспортот на гас ќе биде вратен на ниво од 33 милиони кубни метри дневно“, што претставува приближно 20 отсто од целосниот капацитет на гасовод.


„На 31 август единствениот оперативен блок на гасниот компресор Трент 60 ќе биде затворен три дена поради одржување“, соопштија од компанијата, истакнувајќи дека сите поправки ќе се вршат заедно со експерти од германски „Сименс“.

Единицата е последна од шесте турбини на гасоводот што е во функција, а другите имаат потреба од ремонт. Една од турбините во моментов е заглавена во Германија поради санкции, откако се врати од ремонт во Канада. Испораките на руски гас за Европската унија преку Северен тек 1 паднаа на 20 отсто од максималното ниво минатиот месец. Според Гаспром, пет турбини треба да работат за да пумпаат гас со полн капацитет. Цените на бензинот во Европа скокнаа по објавувањето на веста денес, скокајќи за 7% на повеќе од 2.600 долари за илјада кубни метри.

Извор: мондо.рс