Пејачката Лепа Лукиќ откри дека заминала во Канада да си ја подигне пензијата од 900 евра.
Многумина се прашуваат од каде пејачката таква пензија, а таа всушност има три – национална од 60.000 динари, друга од 90.000 и канадска од 900 евра.
Еднаш раскажала дека една пензија заработила со одредени години живот и поради работен стаж, втората е национална, а третата е канадска и ја наследила од нејзиниот покоен сопруг.
„Националната пензија ми е 60.000 динари, а оваа 90.000 динари. А јас имам канадска пензија од 1000 евра. Можете да живеете од националната ако водите сметка“, рекла таа, а пренесува нова.рс.
„Не ја бркав националната пензија. Бев во Америка и кога се вратив се слушнав со некои луѓе кои ми рекоа дека сум ја добила. Државата ме призна“, изјавила Лепа.
„Првите десет години плаќав пензиско и социјално осигурување, а кога ме призна државата таа ми плати се. Добив и статус на угледен уметник, па ја добив првата пензија со 35 години стаж и 55 години живот. Државата ги виде сите признанија што ги добив и ги приложив“, објасни дополнително таа.
Лепа Лукиќ неодамна истакна дека, што се однесува до финансиите, никогаш повеќе не мора да пее, бидејќи добива доволно пари од пензии.
Извор: нова.рс