Италијанската глумица Џина Лолобриџида, која е среде десеттото десетлетие од својот живот, објави дека ќе се кандидира за италијанскиот Сенат на парламентарните избори на 25 септември.
– Уморна сум да слушам како политичарите се расправаат меѓу себе без да се занимаваат со работа, рече филмската дива во интервју објавено во весникот „Кориере дела сера“. – Италија е во лоша состојба. Сакам да направам нешто добро и позитивно, додаде таа.
Инаку, 95-годишната актерка има намера да се појави на кандидатската листа, на којашто е и Комунистичката партија. Меѓу другото, таа рече дека пред да ја донесе својата одлука, разговарала и со својот адвокат.
МИА
Фото: принтскрин Јутјуб