Елвис Присли го уби инцест, му беше судено да умре млад – Откриени нови тајни за кралот на рокенролот – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/22 6:27 PM

Елвис Присли го уби инцест, му беше судено да умре млад – Откриени нови тајни за кралот на рокенролот

Елвис Присли беше еден од најголемите музичари на сите времиња, а неговата прерана смрт ги остави без зборови фановите ширум светот.

Биографијата на рокенрол иконата напишана од Сали Ходел тврди дека пејачот бил предодреден да умре млад.
Таа во својата книга за Елвис Присли напишала дека смртта на пејачот е последица на генетските промени предизвикани од инцестот во неговото семејно стебло. Во книгата се тврди дека тој наследил такви генетски дефекти од неговите баба и дедо по мајка, кои се венчале и покрај тоа што биле брат и сестри од тетка, односни први братучеди.
Елвис починал од срцев удар на 42-годишна возраст, а бил пронајден на подот во бањата во замокот Грејсленд. Сали Ходел откри некои шокантни детали за The Sun откривајќи дека „неисправните“ гени на пејачот биле еден од главните фактори зад неговите различни здравствени проблеми кои тој пак ги лечел со коктел од лекови на рецепт.

„Тој брак со братучетка очигледно предизвика многу проблеми“, рече Сали Ходел, додавајќи: „Мајката на Елвис ,Гледис почина многу млада на 46 години и имаше тројца браќа кои сите починаа на слична возраст од проблеми со срцето и белите дробови“.

Ходел продолжи да открива: „Значи, престанува да биде случајност бидејќи стигна до Елвис, и имаше многу работи во тоа семејно стебло“.

Сали Ходел тврдеше дека многу од причините за смртта на Елвис лежат во животот на неговата мајка, која починала речиси 19 години пред смртта на нејзиниот син. Здравјето на неговата мајка брзо се влошило во четириесеттите години, а таа наводно развила проблем со злоупотреба на супстанции и починала како алкохоличар на 14 август 1958 година.

„Гледис отсекогаш била прикажувана како жена чиј син станал славен, кој и купил голема куќа, а таа само се обидувала да се справи со сите и во основа умрела од скршено срце“, рече Сали Ходел.

Таа тврди дека смртта на мајката на Елвис најмногу се должи на недостаток на алфа-1 антитрипсин, генетско нарушување кое ги оштетува белите дробови и црниот дроб и води до други здравствени компликации.

И бабата и дедото на Елвис по мајка страдале од генетски болести.

Бабата на Елвис по мајка Дол Менсел водела повеќедецениска битка со туберкулозата, но Сали Ходел тврдела дека можеби тоа била погрешна дијагноза и дека и таа можеби страдала од генетскиот дефект.

„Повторно, тоа е нешто што нема смисла, но продолжи да се пренесува преку семејното стебло, а потоа и низ снимената историја на Елвис“, рече Сали Ходел, додавајќи:

„Оваа книга објаснува дека туберкулозата честопати била погрешно дијагностицирана околу 1900 година. Оттаму, со бракот со близок роднина, можеме да видиме дека Гледис најверојатно наследила два оштетени гени и потешка верзија на болеста“.

Извор: Б92

Фотго: Принтскрин Јутјуб