Продолжуваат акциските контроли „Безбедно лето 2022“ и според полицискиот извештај еве што се случило ноќеска во Битола, Ресен Демир Хисар.
-На 13.08.2022 во 01.00 часот при вршење на акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022“ во повеќе угостителски објекти во Битола се затекнати малолетници, од кои кај еден од нив било утврдено присуство на алкохол од 1,38 промили. Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите. Исто така, во Ресен од 23.00 часот на 12.08.2022 до 02.00 часот на 13.08.2022 преземени се активности и при контрола во повеќе угостителски објекти биле затекнати повеќе малолетни лица послужени со алкохолни пијалаци за што против угостителите ќе следува пријава по чл.204 од Кривичниот законик, а кај еден малолетник е пронајден метален боксирач, кој бил одземен и против лицето ќе следува поднесок по Законот за оружје. За време на акциската контрола на ул. „1 Мај“ во Демир Хисар биле констатирани 20 прекршоци за непрописно паркирање, а на ул.„Крушевска Република“ во Битола биле затекнати и санкционирани 15 непрописно паркирани возила, информираат од МВР.