„Седеше на под и плачеше, ми го скрши срцето“ – По љубовните јадови Кајли Миног ужива на Јадран – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/22 12:12 PM

„Седеше на под и плачеше, ми го скрши срцето“ – По љубовните јадови Кајли Миног ужива на Јадран

Кајли Миног реши ова лето за прв пат да ја посети Хрватска и да летува во Ровињ.
Оваа вест го заинтригира регионот, а судејќи по фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, таа одлично се забавува.

Пејачката зад себе има бројни врски. Познато е дека била во врска со Лени Кравиц, Оливие Мартинез и легендарниот фронтмен на INXS, Мајкл Хачинс.

Врската со Мајкл имаше силен одек во јавноста, Кајли тогаш имаше само 21 година, а тој 29 години.

Таа му послужи како инспирација, но нивното раскинување не беше бајка. Таа додаде дека не е сигурна зошто ја оставил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Minogue (@kylieminogue)


„Ми го скрши срцето, се чувствував збунето и уништено. Не можеше да ми даде причина кога ме остави, разговаравме за се… Собата беше темна, сите ролетни спуштени, а тој беше на подот и плачеше.Не знам дали поради дрогата или од стресот на работа…“, открила претходно.

Сепак, таа не успеа да се реализира како мајка и не крие дека поради тоа страда.

„Секако дека се прашувам какво е чувството да се погледнам во очите на моето дете, но судбината е судбина. Ќе излажам ако кажам дека не сум тажна, но не можам да дозволам да размислувам така. Што да правам? Има добри шанси да запознаам некој кој веќе има деца. Можам да се замислам како маќеа“, призна таа претходно.

Познато е и дека во 2005 година боледуваше од рак на дојка, а потоа се посветила на превенцијата од оваа болест.

Од 2018 година, таа е во врска со креативниот директор на GQ, Пол Соломонс.

ИЗвор: нова.рс