(Видео) Супер салата за оние кои немаат време да готват – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/22 9:19 AM

(Видео) Супер салата за оние кои немаат време да готват

За оние кои немаат време да готват ви предлагаме салата, која е многу вкусна и од која убаво ќе се најадете.

Рибата е секогаш добредојдена храна за летните горештини, особено туната, која главно се подготвува лесно. Конзервирана туна е достапна во секој супермаркет, а можете да ја јадете со зеленчук, тестенини или како салата со убав сос.

Ницоисе салата е рецепт за туна кој ќе го направите за 15 минути.

За оваа вкусна и брза салата ви требаат конзервирана туна, конзервиран бел грав, зелена салата, маслинки и уште неколку состојки.

Во поголем сад ставете туна, компири, кромид, зелена салата, грав, домати, маслинки, јајца и убаво измешајте. Направете го преливот за салата така што ќе ги ставите сите состојки во еден сад и убаво измешајте.

За прелив користете маслиново масло, сок од лимон, мајчина душица и сенф. Прелијте ја салатата со преливот пред послужување.