Нови 600 случаи со Ковид-19, шест починати за 24 часа – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/22 6:58 PM

Нови 600 случаи со Ковид-19, шест починати за 24 часа

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа од направени 1.317 тестови се регистрирани се нови 600 случаи со КОВИД-19, како и шест починати пациенти – по двајца од Скопје (66г и 75г) и Охрид (83г и 83г) и по еден од Ресен (72г) и Радовиш (72г)), и 743 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирани се четири починати лица од Кочани (85г), Струга (69г), Куманово (72г) и Кичево (62г). Две лица се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16.07 до 08.08.2022 година.

Од 600 новозаболени од Скопје се 229, Охрид 46, Битола 38, Куманово 35, Прилеп 30, Тетово 26, Велес 25, Кавадарци 24, Струмица 23, Гостивар 19, Штип 17, Радовиш 11, Кочани 10, Гевгелија 9, Неготино 8, Струга, Крива Паланка, Делчево, Берово и Дебар по 5, Богданци и Кратово по 4, Ресен, Крушево и Пехчево по 3, Кичево, Виница и Пробиштип по 2 и Демир Хисар и Демир Капија по 1.
Од вкупниот број на позитивни (600), регистрирани се 134 реинфекции.