Млад мигрант од Сирија од вчера е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести бидејќи е суспектен на мајмунските сипаници.
Во изјава за Фактор, д-р Коста Капсаров вели дека тој е во добра општа состојба и дека е задржан за подетални испитувања и се очекуваат резултатите од тестот кои би потврдиле евентуална зараза со овој вид сипаници.
-Пациентот бил болен девет дена, суспектен е на сипаниците бидејќи има осип на кожата. Станува збор за млад човек, мигрант од Сирија кој на нашата клиника е задржан за да се направат сите потребни иследувања. Направаен е и тест за мајмунски сипаници и ги очекуваме резултатите, вели за Фактор д-р Капсаров од Клиниката за инфективни болести.