Наум Петрески слави 35 години јубилеј, 35 години убава македонска песна која ќе остане за навек, да се слуша и пее од сите генрации.
Таков е македонскиот славеј, кој целата кариера ја посвети на убавата македонска песна и, како што вели за ММС, не планира да застане. „Да се пее македонска песна, тоа ми е најголемата желба“, вели тој пред концертот во Охрид, кој е дела од неговите славенички настапи.
Со Наум не зборувавме само за песната, туку и за она што се случува на македонската сцена, во неговиот живот и секако, за се она што во иднина ќе ни го понуди од неговото грло ненапејано.
-Подготвен сум, а кога не сум бил подготвен, па поминаа 35 години. Иако се е сменето. Почнав во друго време, кога се беше поубаво. Влијание на тоа, секако, има и тоа што бевме помлади, нормално. Мегутоа за овие транзициски глупости што ги поминавме се смени се, и начин на гледање и начин на размислување.
Што се се смени кај тебе?
-Многу нешта. Како прво од старт ја работам оваа работа професионално. Ги следам новитетите во музиката, се прават помодерни, да звучат прозабавно. Се движев со времето. За да на крај еве да дознаеме дека иако цел живот пеев македонска музика, сега зборот македонски ништо да не значи. Но, музиката не може да се продаде.
За овие 35 години на сцената кога ти било најтешко?
-Мислам дека потешко време од ова сега не постои. Од времето на почетокот на пандемијата, па еве сега со ова што го живееме. Музикатга е врзана со политиката, тука е проблемот.
Па нели музика и политика не се мешаат?
-Па тогаш што бара политиката во музиката, за жал.
Кога веќе сме кај политиката, си пеел на многу партии и нивните кампањи, па на следните избори ќе натапиш ли или ќе го следиш пулсот на народот дека им е преку глава од политика?
-Не знам, ќе видиме. Тоа зависи од многу работи.
Задоволен ли си од овие 35 години?
-Па за мала држава како Македонија можам да кажам-да, задоволен сум. Но, не сум задоволен од штркот што ме спуштил овде. Можел да прелета уште нагоре, подалеку. Хахаххаа… Да ме спуштел во некоја држава, каде ќе бевме многу повеќе почитувани, Во Германија пејач со над 170 испеани авторски песни ќе го прогласеа за национален херој. Јас само мои лучни песни, новокомпонирани имам над 170, тука не ги сметам старите македонски песни, чалгии и други што ги имам снимено.
Дали мислиш дека на лужето кои те нарекуваат славел ја македонската музика им се оддолжи или ќе слушнеме уште многу песни од тебе?
-Па ќе случуваат нови песни, секако. Се зависи од финасиските конструкции. Сите мислат дека нам ни е лесно, заработуваме, но никој не прашува колку плаќаме за песни. Секоја песна отприлика чини над 2.000 евра, па кога ќе израчунаш колку песни имам и колку спота, ќе се види колку сум вложил и колку ми се вратило. Да ги вложев во некоја фабрика, сега ќе бев мултимилионер. Од музиката не се добива ама љубовта е голема.
Славењето на јубилејот почна со концерти во Битола и Скопје, па кои се понатамошните планови?
-Ќе има концерт уште во Скопје, кон крајот на октомври или почетокот на ноември. Тоа ќе биде финишот.
Минатиот месец по втор пат стана дедо на внукот Лука. Како се чувствуваш како дупли дедо?
Наум Пертески: Не се плашам од старост, уживам да сум дедо на Андреа
-Хахахах убавина е тоа. Влатко ми е гостин на концертот, помина 40 дена, се направи молитва и сега ќе биде гостин на концерт на дедо. Гости ми се и Благица Павловска, Зуица, Ѓоко Танески… Супер журка. Долни сарај е супер сцена за интимен концерт. Кај мене доаѓа публика која навистина сака да слуша песна.
И за крај, кога нови песни?
-Сега во септември на фестивал ќе имам нова песна. Има уште една која ми се допаѓа, прекрасна е и се надевам дека таа ќе ја отпеам како новогодишна честитка. Сакам годишно да правам по неколку песни, тоа е богатството кое останува.
Весна Миленковска