„Мамо, мамо“ врескаа и плачеа децата, а тие беа веќе мртви – Мистериозна смрт на актерот и неговата сопруга, паднале од шети кат – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/22 7:00 PM

„Мамо, мамо“ врескаа и плачеа децата, а тие беа веќе мртви – Мистериозна смрт на актерот и неговата сопруга, паднале од шети кат

Албанскиот актер Флоринд Белиу (35) и неговата сопруга Орнела Шехи (28) загинаа во мистериозен пад од шестиот кат на зградата, а полицијата истражува дали можеби имало траги од тепачка меѓу нив.

Флоринд и Орнела беа пронајдени во дворот на зградата во Бронкс во саботата на 6 август околу 9 часот и беа прогласени за мртви 10 минути подоцна, откако беа идентификувани од пријателите и соседите.

Соседите рекоа дека нивните синови од две и шест плачеле по мајка си откако паднала.
Локален извор изјави за Њујорк пост дека на снимката се гледа како Орнела прво паѓа на земја, а потоа Флоринд секунди подоцна. Во станот наводно не била пронајдена проштална порака, а во очекување на резултатите од обдукцијата, полицијата истражува дали можеби имало знаци на борба.

Неколку соседи го опишаа актерот како „бесен“ човек кој „се држел за себе“, а еден полициски извор изјавил за Пост дека можеби страдал од ментално растројство.

– Во станот има знаци кои покажуваат дека се не било во хармонија, како да не решиле само да ги остават децата и да скокнат – рекол изворот.
Френк Мусумеци се присети на моментот кога еден од неговите колеги сфатил дека нешто се случило додека бил на пауза. Тој рече дека слушнал „бум, како големо парче челик што удира во земјата“. Потоа го слушнал детето како вреска: „Мамо, мамо“.

– Погледнав преку портата и видов две тела – додаде Френк.

Еден сосед рекол дека актерот славел роденден на денот на трагедијата.

Нивната пријателка Елона се прости од актерот на Фејсбук и изрази жалење за нивната смрт и децата кои ги оставија зад себе.
Таа, исто така, се запраша зошто си го одзел животот, опишувајќи ја смртта како „повеќекратна трагедија за која нема утешни зборови“.

Се уште не е потврдено дали се работи за убиство или самоубиство, а полицијата ги истражува сите можни околности, вклучително и двојно убиство. Сопружниците со двете деца се вселиле во зградата пред четири месеци, а надлежните засега немаат пријави за семејно насилство.

Белиу дипломирал на Универзитетот за уметности во Тирана, Албанија, и настапувал на телевизија и во театар пред да се пресели во САД, објави Еуроњуз Албанија. Од пред две години, тој работеше на две книги и филмско сценарио што се надеваше дека ќе ги пренесе на Нетфликс, се вели во извештајот.

Извор: курир.рс