Девојче сакало да избега од Психијатриска болница, па паднала од прозорецот – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/22 1:49 PM

Девојче сакало да избега од Психијатриска болница, па паднала од прозорецот

Малолетно девојче од Скопје, се обидело да избега од Психијатриската болница при Комплекс клиники, па паднала од височина од три метри и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар.

Оваа информација ја потврдија и од МВР.

-Денеска во 10.22 часот во СВР Скопје е пријавено дека малолетничка од Скопје, при обид да избега од Психијатриската болница при Комплекс клиники, паднала од височина и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар, информираат од МВР.