(Видео) Плачам од болка, но не сакам да мислам колку живот ми остана – Како Оливија три денецении да се борела со ракот – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/22 7:00 PM

(Видео) Плачам од болка, но не сакам да мислам колку живот ми остана – Како Оливија три денецении да се борела со ракот

Легендарната Оливија Њутн Џон вчера не напушти на 75-годишна возраст..

Актерката и пејачка која со гласот и актерскиот талент ширум светот ги освои срцата на публиката од сите генерации 30 години се бореше со ракот на дојката.

Првпат ѝ бил дијагностициран рак на дојка во 1992 година и тогаш започнала нејзината повеќедецениска борба.
Њутн Џон тврдела дека марихуаната и помогнала со здравствени проблеми. Првпат и бил дијагностициран рак на дојка во 1992 година, истиот ден кога починал нејзиниот татко, а во 2013 година лекарите ја шокирале со фактот дека ракот се проширил.

После тоа, ракот бил во ремисија, но се вратил во 2017 година, кога лекарите на Оливија и рекле дека е во стадиум 4. Болката некогаш не се издржувала.

– Плачам од болка – изјавила актерката пред неколку години и додала дека не сака да зборува за тоа колку живот и останал, одлучила да живее подолго отколку што предвидуваат лекарите. Рекла и дека не сака да зборува за смртта.
– Утре би можела да умрам. Може да ми падне дрво – изјавила актерката на која и било полесно кога медитирала, а особено и помогнало да биде опкружена со луѓе кои ја сакаат.

Џон Истерлинг, сопругот на Оливија Њутн Џон, вчера ја објави трагичната вест дека актерката и пејачка починала во својот дом во Јужна Калифорнија.

– Дамата Оливија Њутн-Џон (73) утрово мирно почина на својот ранч во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите. Бараме сите да ја почитуваат приватноста на семејството во овој многу тежок момент. Оливија е симбол на триумфот и надежта повеќе од 30 години, додека го споделува своето патување со ракот на дојката – напиша меѓу другото Истерлинг.