„Ако утре ме нема“ на ДНК и Џамбо Агушев оркестарот доби своја српска верзија со наслов „Ако сутра ме нема“ и тоа во изведба на Џенан Лончаревиќ.
-Можеби звучи неверојатно, затоа што ретко се случува изведувачи од соседството да препеат наша тема, но кога станува збор за „стварите“ на ДНК тогаш ништо не е невозможно, велат Панчо и Андреј.
До соработката дојде случајно, благорадение на нивниот заеднички колега и големо музичко име, неверојатниот Сергеј Ќетковиќ.
„Сергеј беше воодушевен од песната, ми ја пушти да ја слушнам и веќе немаше простор за дискусија зашто знаев дека морам да ја снимам. Веднаш стапив во контакт со Панчо и за кратко бев кај Лазар Цветкоски во студио. Добивме одличен финален производ за кој добивам само позитивни реакции. Им благодарам и на Панчо и на Андреј што несебично ме поддржаа во желбата да снимам своја верзија на „Ако утре ме нема“, вели Лончаревиќ.
Музиката за „Ако сутра ме нема“ е на Панчо и Лазар, препевот на верзијата на Џенан е на Сергеј Ќетковиќ, а аранжманот е со потписот на Лазе во чие студио и е продуцирана и снимена.
Делот со трубачите, секако, му припаѓа на Џамбо Агушев оркестарот.
Погледнете ги двете верзи, која ви се допаѓа повеќе?