Околу лондонскиот аеродром Хитроу се шири голем пожар во околните дворови, по „големата детонација што личеше на бомба или експлозија“, пренесува лондонскиот весник „Мирор“.
Лондонскиот весник додава дека огромен облак од чад се крева на небото и се верува дека доаѓа од авион што слетал на Хитроу, додека пожарникарите предупредија дека пожарот се проширил на градините на домовите на луѓето од населбата Фелтам.
Ten fire engines and around 70 firefighters have been called to reports of a fire on Hereford Road in #Feltham More information to follow pic.twitter.com/Rc9qDeJABJ
— London Fire Brigade (@LondonFire) August 7, 2022
Пожарот зафатил дрвја, жива ограда, грмушки, трева на бројни домаќинства на патот кај Фелтам.
Firefighters are tackling this blaze in #Feltham Trees, undergrowth and decking at the rear of properties on Hereford Road are alight © @Cornish_miss78 https://t.co/fPj9WXCKZq pic.twitter.com/M6HdgVDLgM
— London Fire Brigade (@LondonFire) August 7, 2022
Многумина кои живеат во близина на инцидентот изјавија дека слушнале силна експлозија, а еден очевидец дури кажа дека слушнал удар како „бомба или некој вид експлозија“.
Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари се на местото на пожарот во Херефорд Роуд, а досега се примени 44 повици за интервенција.
So… load explosion happened next to Heathrow.. anyone else see what i see???? pic.twitter.com/b2I79iBvgq
— Trutherseeker (@Trutherseeker1) August 7, 2022
Градската полиција ги советува граѓаните да ја избегнуваат областа.
Coming in to land at Heathrow just before 5pm today. The scorched fields. The fire! pic.twitter.com/ndHwZrz7lF
— Robert Harris (@Robert___Harris) August 7, 2022
МИА
Фото: Твитер