Бремената сопруга ја тепал осум часа пред очите на три мали деца -Таа од ударите починала, а монструмот сакал да побегне – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/22 3:32 PM

Бремената сопруга ја тепал осум часа пред очите на три мали деца -Таа од ударите починала, а монструмот сакал да побегне

Вишиот суд во Подгорица го потврди обвинението поднесено против Далибор Николиќ (34), со кое Врховното државно обвинителство (ВДТ) го обвинува за брутално убиство на неговата бремена невенчана сопруга Зимрита Нерда (27).

Николиќ е обвинет дека на 15 и 16 јануари годинава осум часа ја тепал својата невенчана сопруга, а за сето тоа време нивните три малолетни деца биле во иста куќа Улцињ .

– Николиќ е обвинет дека ја претепал и со умисла ја убил својата бремена сопруга Зимрита Нерда, ја тепал осум часа,  од 22 часот до шест часот наредниот ден, при расправија за раскинување на нивната заедница и додека нивните три малолетни деца (од 10 год. осум и четири години), биле присутни во семејната куќа,  пишува Дан.

Нерда им подлегнала на повредите од претепувањето на 22 јануари во Клиничкиот центар на Црна Гора. Во обвинителниот акт поднесен од државниот обвинител на ВДТ во Подгорица, Ана Радовиќ, Нерда добила десетици удари со тупаници и импровизирана безбол палка, а лекарите во болницата и констатирале пет тешки физички повреди и 11 полесни, меѓу кои скршени коски на рацете и на ногата.

-Оштетената цело време трпела физички и душевни болки со голем интензитет и долготрајни – пишува во обвинителниот акт.

По толку часови мачење, Нерда лежела во кревет и, како што стои во обвинението, не одговорила на неколкуте повици на Николиќ да му свари кафе. По одредено време, се додава, таа дошла во кујната и се понудила да го свари кафето. Наводно, Николиќ на ова збеснал и ја удрил Нерда во делот од лицето под десното око.

– Жртвата од тој удар изгубила свест поради проток на крв во мозокот и паднала на подот. Како резултат на тоа, дошло до ненадејно нагло свиткување на главата наназад и кинење на премостувачките вени, а потоа и акумулација на крв во просторот помеѓу тврдите и меките менинги и притисокот на истурената крв на мозокот – се деталите на обвинението.

Николиќ во истрагата изјавил дека со покојната Нерда бил во брак 12 години. Тој рекол дека се расправале за ситници и глупости, „за проблемите што ги имале во бракот во претходниот период кога таа го напуштала, како и за проблемите што ги имал со нејзините браќа“.

Николиќ изјавил дека на оштетената и рекол дека бракот не им оди добро и дека конечно треба да му каже дека не сака да живее со него и дека треба да раскинат. Тој рече дека кога Нерда му рекла дека не сака повеќе да живее со него, а потоа се предомислила и рекла дека се шегува и дека ќе го продолжи животот со него, како што тогаш тврдела, тоа го налутило, поради што почнал да ја навредува.

На крајот, рекол тој, „еднаш или двапати ја удрил по лицето“. Рекол дека неколку пати ја удрил со палка, а при расправијата за тоа кој ќе го приготви кафето, ја удрил со тупаница во главата „а таа паднала и ја удрила главата од плочките“. Тврди дека ја полил со вода за да се освести, а потоа ја ставил во задниот дел од автомобилот и повикал сосед, кој живеел како станар во дел од неговата куќа, да ја однесе Зимрита во болница. Тој  рекол на соседот да им каже на лекарите дека жртвата паднала а дека тој е на работа.

Наспроти одбраната на оштетениот, соседот при сведочењето рекол дека цела ноќ слушал расправии и тепачки. Според наодот и мислењето на медицинските стручњаци, утврдено е дека крварењето во мозокот е резултат на удар во лицето со тупаница под десното око, а не паѓање на плочките.

По кобниот настан, како што претходно беше истакнато, Николиќ со такси се упатил до Подгорица, од каде со друго такси за Србија. Тој по распишана потерница од Управата на полицијата е лишен од слобода на граничниот премин Добраково и му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: Курир.рс