Бред Пит, како еден од најпосакуваните мажи во светот на сите времиња, неодамна се појави во здолниште на премиерата на филмот “Bullet Train” во Берлин и на тој начин ја запрепасти светската јавност.
Бред Пит решил да објасни зошто избрал здолниште како парче облека на црвениот тепих.
На новинарско прашање зошто се облекува така, актерот даде сосема необичен и неочекуван одговор, кој уште повеќе не збуни.
View this post on Instagram
– Не знам! Сите ќе умреме, па ајде да ги комплицираме работите.
На премиерата во Лос Анџелес, тој облече шушкав зелен костум со сино-зелена маичка одоздола и светло жолти патики.
Да потсетиме дека во 2004 година Бред изјави дека е сигурен дека мажите еден ден ќе имаат здолништа во гардеробата.
Gaya Nyentrik Brad Pitt Pakai Rok Selutut, Tato di Betis Terungkap https://t.co/b4R9Hfras0
— VivaCoid (@VIVAcoid) July 20, 2022
– Мажите ќе носат здолништа следното лето. Тоа е мое предвидување и најава. Филмот е погоден за двата пола. Сакавме реализам, а Грците во тој период секогаш носеle здолништа – изјави тогаш Бред.
Фото: Инстаграм