Музичката ѕвезда, Мараја Кери (53) овие денови ужива на својата приватна јахта, а папараците направија фотографии кои веќе испливаа во јавноста.
Не е тајна дека Мараја Кери со години се бори со вишокот килограми. Сепак, таа за себе создаде имиџ на фатална жена, а овој пат, јавноста можеше да ја види додека одмора. За време на последното летување, таа се одлучила за одело за капење, наместо за бикини. Според фотографиите, друштво и прават нејзините деца, односно близнаците Мароко и Монро (11), како и нејзиното момче Брајан Танака (39).
При тоа, таа го откопча оделото, покажувајќи го своето бујно деколте, а иако е на одмор, таа на лицето ја имаа вообичаената јака шминка од која очигледно, не се откажува.
View this post on Instagram
„Таа мене ми изгледа сосема нормално, но знаејќи ги познатите, таа сака да изгледа совршено“;
„Не гледам ништо лошо овде“;
„Ја фатија неподготвена, но мене ми изгледа како и секоја друга мајка која се забавува со своите деца“;
„Изгледа како некоја богата тетка“, се само некои од коментарите под фотографиите на Мараја Кери во оделото за капење.
Мараја и Брајан се запознаа за време на една од нејзините турнеи, а претходно таа беше во врска со Томи Мотола од 1993 до 1998 година.
Извор: kurir.rs
Фото: Instagram